Стара школа во изведба на Јокиќ – постигна кошеви кои НБА ретко ги гледа (ВИДЕО)

7371

Денвер дојде до убедлива победа против Минесота од 109-80 на стартот на плеј-офот. Домашниот тим мечот го реши во третата четвртина во која постигна 32 поени, а прими само 14.

И на оваа средба во центарот на вниманието се најде Никола Јокиќ. Српскиот центар неколку пати ја дигна публиката на нозе со својот спектар на невозможни поени. Руди Гобер и Енотни Таунс едноставно беа немоќни пред него.

На крајот зад своето име Јокиќ имаше 13 поени, 14 скока и 6 асистенции. Мареј со 24 поени беше прв стрелец, Портер имаше дабл-дабл од 18 поени и 11 скока.

На 35 секунди до крајот на натпреварот се судрија Кајл Андерсон и Кристијан Браун на подот! На голема среќа беше спречен инцидент.

Клиперси приредија изненадување на првата средба, на гостувањето кај Феникс славеа со 110-115. Кавај Ленард со 38 поени беше предводник на Клиперси, кои играа без најважните играчи, а меѓу нив беше и Пол Џорџ.

Кај поразениот тим Дурент имаше 27 поени и 11 асистенции, еден поен помалку запиша Букер.

ЛА Лејкерс доигрувањерто го отворија со победа против Мемфис на гостински терен, беа подобри со 128-112. Ривс со 23 поени блескаше на мечот, неочекувано добар беше Хачимура со 29 поени и 5/6 за три поени. Леброн Џејмс имаше 21 поен и 11 скока, додека Ентони Дејвис запиша 22 поени и 12 скока.

На другата страна Џексон имаше 31 поен, додека во последната четвртина се повреди Морант, што пак може да биде проблем за тимот во продолжение на плеј-офот.

ПретходноТренерот на Гетафе го исмејуваше Чави!
СледноНавивач го праша Лапорта дали Меси ќе се врати во Барса, доби неочекуван одговор!