ТИМ И ИГРАЧ НА 27.КОЛО: Бесарт ја “торпедира“ Победа

313

Бесарт Ибраими и се е кажано. Прилепчани со тоа водство во Струга од 0:1 само го налутија “бомбардерот“ кој потоа им “стегна“ три гола а на крајот мечот заврши со резултат 6:2. Сега Бесарт има 16 голови и секако дека е прв на листата на стрелците во ПМФЛ, значи следува уште една титула за најдобар стрелец во сезоната, ако не грешиме тоа ќе биде негова петта во кариерата, и затоа е најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ. Бесарт има обврска да и ја донесе двојната круна на Струга ТЛ па така со три титули да заокружи уште една блескава сезона.

Нема дилеми дека Бесарт е играч на 27.коло, а покрај него од Струга ТЛ се и Шабани и Бојку. Од Шкендија тука се Цаке, одличниот Чинари и Милев, од Брегалница тука се Шчекиќ и Ристевски, а од Работнички секако Аломеровиќ и Гандо, двоецот кој му ја донесе победата на тимот од Градски парк на скопското дерби против “пиратите“, како и Димов од А. Пандев.

ИГРАЧ НА КОЛО

БЕСАРТ ИБРАИМИ

Тим: Струга ТЛ

Роден: 17.12.1986 во Кичево

Кариера: Влазними, Напредок, Ренова, Шалке, Севастопол, Таврија, Металург Запорожје, Енозис, Шкендија, Ксанти, Струга ТЛ

ПретходноЛазаров го објави поширокиот список за дуелите со Луксембург и Турција!
СледноРасел Вестбрук му се закануваше на навивач на Феникс (ВИДЕО)