Гетафе на домашен терен одигра без победник против Барселона и со тоа направи чекор во насока на останување во Ла Лига. Тренерот на Барселона, Чави Хернандез по натпреварот причинаа за ремито ја бараше во условите за игра.
Чави по натпреварот негативно го коментираше тревникот на стадионот на Гетафе тој рече дека Барселона е навикната на вечерни натпревари и има проблем да игра во сончеви услови во недела попладне.
На сето ова имаше што да каже и Санчез Флорез, тренерот на Гетафе.
„Не сакам да навлегувам во тоа. Не игравме на песок или земјена подлога, тревата е убава и иста за двата тима. Тие имаат ниска трева на својот стадион и создаваат услови кои им одговараат поради начинот на кој тие играат фудбал. Играме во услови кои се најдобри за нас. Нема ништо надвор од правилата“, изјави Санчез Флорез, а потоа се осврна на сончевите услови кои наводно им направиле проблеми на играчите на Барселона.
„Нивеа, лосион за сонце, што било“, одговори тој и се насмеа.