Во саботата се одигра скопското дерби меѓу Работнички и Скопје и тоа во Велес. И не само што се одигра во Велес, туку “домаќинот“, тимот на Работнички одлучи овој натпревар да биде “затворен“, односно да не смее да има гледачи и фанови на стадионот. Ова најмногу ги погоди велешани кои желни се за прволигашки фудбал. Некои од нив, посебно двајца возрасни фанови сепак решија да го следат натпреварот и тоа седнати на шипки како што прикажува оваа фотографија.
Нема што, ова е тажната слика од Велес, од нашиот фудбал. А убаво ќе беше да се отвореа капиите од стадионот “Зоран Паунов“, па да влези кој сака и да ужива во саботното фудбалско дерби.
Ама…