Лапорта на прес: Невиден цинизам на Реал Мадрид, сите знаат дека тој клуб историски е фаворизиран од судиите!

835

Хоан Лапорта, првиот човек на Барселона денеска излезе на прес – конференција. Прес кој долго се очекуваше. Лапорта говореше пред новинарите за се она што е интересно во врска со случајот “Негреира“, и затоа дали Барса следната сезона ќе игра во ЛШ или пак ќе биде казнета од страна на УЕФА.

“Сите знаат дека Реал Мадрид е режимски клуб. Клуб кој историски има помош од судиите. Седум децении од тој клуб имаше претседатели на Судиската комисија или нејзини членови. И сега ова што го прави Реал тоа е невиден цинизам“ посочи гневно Лапорта.

Во врска со случајот “Негреира“, Лапорта истакна, но и се закани дека тужба ќе добие секој оној кој што ќе ја наклевети Барселона:

„Како прво парите не се уплаќани на самиот Негриера туку на неговиот син, тој се сопственик на компанијата. Ние како клуб ќе покренеме истрага да дознаеме што навистина се случувало. Имаме контакти со УЕФА, јасно е дека ќе биде преседан ако на Барса не и биде дозволено да игра во ЛШ. На крај да кажам дека сите ние треба да оставиме правдата да победи на суд. Сите обвиненија мора да се докажат на суд, живеем во правна држава“ рече покрај другото Лапорта.

 

 

 

 

ПретходноРасел Вестбрук му се закануваше на навивач на Феникс (ВИДЕО)
СледноФОТО НА КОЛОТО: Тажната слика од Велес, сакаат фудбал а седат на шипки!