Бања Лука го пречека Ноле со факели и велигденски јајца (ВИДЕО)

368

Новак Ѓоковиќ беше еуфорично пречекан во Бања Лука, каде дојде да се натпреварува на АТП турнирот од серијата 250, кој се одржува под името Србија опен.

Таму Ѓоковиќ првпат во кариерата ќе одигра официјални, натпреварувачки натпревари. Во Бања Лука, неговите фанови го пречекаа со факели. Иако врнеше дожд, сепак Ноле не им ја одзеде можноста да се фотографираат со него или да добијат автограм, а тој застана практично со сите за да им ја исполни желбата.

„Мило ми е што повторно сум во Бања Лука, последен пат бев тука пред осум години. Сега дојдов да настапам на турнирот, се надевам до крајот на неделата, слушам дека има голем интерес од публиката “, изјави Ѓоковиќ по неговото пристигнување.

 

ПретходноСтрашен пад и тешка повреда на Јанис Адетокумбо (ВИДЕО)
СледноАња Алтхаус и Скопје се разделија!