Секој понеделник се обновува поредокот на АТП-листата. Тука за нас на прво место е најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски.
Тој забележа напредок од пет места и сега се наоѓа на 458-та позиција во овој светски поредок. Ова место не е најдобро остварување на Ивановски, пред две недели го забележа најдобриот пласман кој беше едно место погоре, 457. позиција.
На врвот остана Новак Ѓоковиќ со 7,240 бода пред Карлоа Алкараз, третото место му припадна на Руд, зад него е Медведев, додека Циципас се најде на петото место, откако забележа пад од две позиции.