Промени во СК во ски-скокови: Од следната сезона максимум по 5 натпреварувачи од една земја!

311

Светската асоцијација ФИС ќе менува правила за новата сезона во скијачки скокови. Големите земји во иднина ќе мора да го намалат бројот на пријавени ски-скокач во Светскиот куп, затоа што ФИС ќе го ограничи нивниот број.

На 5 мај на генерален состанок на ФИС во Дубровник е најавено гласање за ограничување на максималниот број на стартери од секоја земја на пет наместо досегашните шест по нација. Земјите ќе добијат шанса да се борат за уште едно стартно место преку резултати во второрангираниот – континентален куп.

Реформата има за цел да им даде шанса на ски-скокачите од помалите земји, но и да се развие спортот и на други локации во светот.

„На овој начин сакаме да го намалиме јазот меѓу врвните и малите репрезентации“, објаснува директорот на ФИС, Сандро Пертиле.

„Тоа беше јасен и важен предлог што го добивме од Меѓународниот олимписки комитет. Сакаме да го направиме нашиот спорт поглобален – и кога мислиме на глобален, зборуваме и за можности за врвни настапи за натпреварувачи од повеќе земји“.

ПретходноЕмил Рајковиќ е тренер на годината во Русија
СледноИ тоа го дочекавме…тежок инцидент на снукер (ВИДЕО)