Екипата на Алкалоид славеа на гостински терен против Пролет со резултат 22:28. Пролет добро одигра против третопласираниот тим на табелата, дури се вратија во второто полувреме меѓутоа немаа сили за перфектен финиш и целосен пресврт.
На полувреме беше 11:14 за Алкалоид, а во првите петнаесеттина минути од вториот дел Пролет успеа да стигне со 20:20. Сепак, избраниците на Кире Лазаров беше подобар ривал во финишот и на крајот славеше со 22:28.
Кај Алкалоид најефикасни беа Ѓорѓиев и Стојков со по пет погодоци, а кај Пролет шест гола постигна Василевски.