Анчелоти едвај чекаше да му одговори на Чави!

2412

Барселона во неделата одигра само 0-0 во мадридското предградие со Гетафе, а тоа беше второ реми без голови за Каталонците во Ла Лига во последно време.

Барселона е во резултатска криза, но за нивна среќа и понатаму има 11 бода повеќе од Реал Мадрид. Избраниците на Чави Хернандез повторно разочараа, тренерот како причина за лошиот настап и неостварената победа ги наведе сонцето и времето во кое се играше мечот.

„Навикнати сме да играме без сонце и навикнати да играме ноќе. Тоа е уште еден доказ. Тренираме на таков начин што ќе играме на сува трева“, изјави Чави по мечот.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти за време на прес-конференцијата по повод реванш мечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Челзи, беше прашан што мисли за изјавата на Чави.

„За нас е важно да играме фудбал. Мислам дека, искрено кажано, има тимови кои се навикнати да играат попладне повеќе отколку навечер, но постои календар кој бара да играте во различни периоди и секогаш треба да бидете подготвен“, изјави Анчелоти.

 

ПретходноЛиверпул му се истури на Лидс за сите маки сезонава (ВИДЕО)
СледноНов шок за првакот, во ерата на Кари ова му се нема случено (ВИДЕО)