Израелскиот фудбалски стручњак Барак Бахар ја прифатил понудата да биде прв тренер на Црвена Звезда за наредната сезона. На нему му била понудена плата од 1.000.000 евра по сезона, сума која ја прифатил, пренесува „Мондо спорт“.
Тренерот на Макаби од Хаифа ќе потпише двегодишен договор, а побарал заедно со него во Белград да дојдат помошникот Гај Сарфати, тренерот на голманите Гај Вајзингер и кондицискиот тренер Дрор Шимшон.
Моментално српскиот шампион преговара околу обесштетувањето кое го бара Макаби. Тој има договор до крајот на сезоната 2023/24 и најверојатно „црвено-белите“ ќе мора да исплатат околу 600.000 евра.
FOTO> Oфицијален сајт на Макаби Хаифа