НБА-лига започна со објавување на добитниците на индивидуалните награди за сезоната 2022/23 и го прогласи крилниот центар на Мемфис Гризлис, Џерен Џексон Јуниор за најдобар одбранбен играч. Второто место во изборот му припадна на центарот на Милвоки Бакс, Брук Лопез, а на третото крилниот центар на Кливленд Кавалирс, Еван Мобли.
Џексон минатата сезона беше петти во изборот, но годинава доби 56 од можни 100 гласови за прво место и вкупно 391 поен.
Full breakdown of DPOY voting: https://t.co/evATs8obPw pic.twitter.com/PF1UvNJ0NI
— Marc Stein (@TheSteinLine) April 17, 2023