Ракометарката која има поголема плата од 99% фудбалери во Романија става крај на кариерата?

1265

Кристина Неагу, една од најдобрите светски ракометарки планира да стави крај на својата играчка кариера.

34-годинишната ракометарка која е член на ЧСМ Букурешт и настапува на левата бековска позиција, уште пред крајот на Европското првенство најави дека планира да се повече, нејзината земја се пласираше на Мундијалот, но и натаму е непознато дали ќе го облече дресот на ова големо натпреварување.

Неагу во светот на ракометот е позната како најдобар стрелец на Европските првенства, и во машка и во женска конкуренција со 303 гола, зад неа е Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон со 288 гола.

Покрај ова таа е позната по платата која ја зема како член на ЧСМ Букурешт, истата изнесува 22.000 евра месечно, сума која ја вознемири Романија. Нејзините месечни примиња се поголеми од 99 проценти фудбалери во Романија.

Таа има признание од ИХФ за најдобар играч на планетата, во 2010, 2015, 2016 и 2018 година, со Будуќност во 2015 година ја освоија Лигата на шампиони.

ПретходноЛампард пред Реал: Им кажав некои работи на играчите, но тие ќе останат меѓу нас!
СледноХорор: Жена му го пресекла грлото на српски ракометар!