29-годишната руска ракометарка, Викторија Дивак беше пронајдена мртва. Дивак го носеше дресот на Астраханочка, а го загубила животот на само неколку дена пред нејзиниот 30-ти роденден.
Според првичните информации на руските медиуми, Дивак починала под несреќни околности, откако паднала од осмиот кат од зградата во која живееле. Починала на лице место.
Последниот натпревар во кариерата таа го одигра пред само два дена и тоа против Сара Ристовска и ЦСКА Москва, кога успеа да постигне два гола.