Следниот противник на македонската фудбалска репрезентација во циклусот квалификации за ЕП 2024, селекцијата на Украина, во Скопје ќе допатува со нов селектор. Според пишувањата на тамошните медиуми, скоро извесно е дека на клупата на Украина ќе седне Сергеј Ребров.
Првиот човек на украинската федерација наводно веќе им потврдил на некои новинари дека со Ребров се е веќе договорено. Останува последната фаза, финансиските аспекти на договорите на шпанските помошници на Ребров. Најверојатно наскоро се ќе биде официјализирано.
Ребров ќе го подготвува тимот за два циклуса и за престојното ЕП 2024 и за квалификациите за СП 2026 година. Досега селекцијата на Украина ја водеше како в.д. селектор, Руслан Ротан.
Ребров додек абеше фудбалер имаше 75 настапи за Украина, а како тренер работи од 2009 година. Го предводеше Динамо (К), Ал Ахли (С. Арабија), Ал Аин (ОАЕ), а беше тренер и на ференцварош во Унгарија. Една година работеше и како асистент во украинската репрезентација (2011 година).