УЕФА ја предупреди Турција: Ако има нереди финалето на ЛШ нема да се игра во Истанбул!?

582

Бидејќи останаа само уште две рунди до големото финале на Лигата на шампионите на УЕФА во Истанбул на 10 јуни, најважното фудбалско тело во Европа, УЕФА презема мерки во случај на нарушувања на редот по парламентарните избори што Турција ќе ги одржи на 14 мај.

Финалето треба да се одигра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, но според пишувањата на странските медиуми, УЕФА е подготвена веднаш да го смени стадионот во случај во Турција да има немири по парламентарните избори и да не биде сигурно доаѓањето на бројни навивачи од странство.

ПретходноСејдини на работна средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски
СледноКадетите на тест во Хрватска, Стојановиќ го објави списокот