Страшни информации доаѓаат од светот на спортот. Српскиот ракометар Никола Томиќ, бил нападнат на бензиска пумпа од страна на женска особа.
Според информациите кои доаѓаат надежниот ракометар на Дрина од Зворник бил избоден во пределот на вратот со остар предмет. Томиќ завршил во болница каде било утврдено дека има полесни физички повреди. Инцидентот преку соопштение го потврди и Дрина.
„На 16.04.2023 година околу три часот по полноќ полициски службеници од станицата Зворник за убиство во обид го приведоа И.Л., со ладно оружје беше нападнат нашиот ракометар Никола Томиќ, при што во таа прилика се здоби со повреди во пределот на вратот, област во вид на сериозен расек. За наша среќа, ако воопшто може да се нарече среќа, Никола веднаш по ладнокрвниот напад бил примен во ЈЗУ Болницата Зворник. Ова беше напад на млад и перспективен спортист, желен за игра, докажување, а на негово место можеше да се најде било кој од нас. Затоа, се надеваме дека надлежните институции нјастрого ќе го казнат овој вид на насилничко однесување. Се надеваме дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори, а на нашиот Никола му посакуваме брза рехабилитација и што поскоро да се видиме на паркетот“.