Чупо Мотинг се врати на тренингот на Баерн (ВИДЕО)

67

Утре тимот на Баерн Минхен има пред себе речиси невозможна задача, а тоа е да ги анулира оние 3:0 од првиот дуел против тимот на Манчестер Сити во рамките од елиминационата фаза на Лигата на Шампионите.

На баварците им треба чудо, за кое сите знаеме дека биле способни во минатото, а во тоа ќе проба да им помогне и рековалесцентот Ерик Чупо Мотинг кој се врати од повредата на денешниот тренинг, а тоа автоматски значи дека ќе биде и во конкуренција.

Тука е и Садио Мане, во моментов најјозборуваниот играч на Баерн кој ја одлежа суспензијата од еден меч кој клубот му ја додели за удирањето на Лирој Сане по поразот од Сити.

 

 

ПретходноМанчестер Сити објави како ќе изгледа реновираниот „Етихад“
СледноОтворена истрага за наместени мечеви во Бразил