Во четврток стартува машкото, ден подоцна тргнува и женското финале

152

Со првиот финален меч меѓу Струмица Никоб и ГОК Борец в четврток стартува финалната серија во домашниот одбојкарски шампионат. Актуелиот шампион Струмица Никоб ќе ја има предноста на домашен терен со оглед на пласманот во регуларниот дел од сезоната, па велешани ќе бидат пред голем предизвик да се обидат да направат изненадување уште на првата пресметка во салата „Парк“.

Финалната серија кај дамите ќе започне ден подоцна в петок. Шамионките Работнички на домашен терен го пречекуваат минатогодишниот ривал во финалето, Јанта Волеј. Според планот, вториот еч од плеј-оф серијата ќе биде в недела во Велес кај мажите и во понеделник во Скопје на теренот на Јанта Волеј кај девојките.

Третиот меч од финалната низа кај мажите ќе се игра во среда (26.04), додека кај дамите ден подоцна в четврток (27.04).

ПретходноГрин го нагази Сабонис на градите, па даде објаснување (ВИДЕО)
СледноНема спиење: Навивачите на Наполи цела ноќ беа пред хотелот на Милан (ВИДЕО)