Грин го нагази Сабонис на градите, па даде објаснување (ВИДЕО)

487

Дрејмонд Грин не може без скандали и провокации. Неговиот Голден Стејт загуби од Сакраменто и сега има негатива од 2-0 во плејоф серијата, а Грин доби неспортска грешка поради тоа што го нагази Домантас Сабонис на градите.

Во еден момент од играта, Литванецот падна на подот, а искусниот крилен центар налета на него, а потоа го згазна. Судиите го погледнаа видеото и досудија неспортска лична грешка, а тој на сето тоа реагираше на свој начин.

„Ме фатија во нога, вторпат во два натпревари. А судиите само гледаат. Морам да ја ставам ногата некаде и не сум најфлексибилната личност“, рече тој, а потоа откри што му кажале судиите кога добил неспортска лична грешка: „Објаснувањето е дека премногу силно го згазнав“.

 

ПретходноМодриќ го направил клучниот потег за да остане во Мадрид!
СледноВо четврток стартува машкото, ден подоцна тргнува и женското финале