Некогашниот играч на екипите на Сандерленд, Мидлзброу, Лидс, Блекпул, Карлисл, Свонси, Ватфорд и на уште неколку тимови од Островот, Дени Грахам направи сериозен инцидент кога пијан со своето возило „Land Rover“ влета во затворен супермаркет и тотално го уништи.
Во алкохолизирана состојба во која според негово признание имал конзумирано десет пива, Грахам влетал директно во вратата на објектот, а за се непобитен доказ беа снимките од сигурносните камери.
Полицијата веднаш реагирала, а Грахам толку бил пијан што не можел да препознае никого ниту да сфати што направил.