Жиру: Го сакам Интер во полуфиналето на ЛШ

945

Милан по 2007 година се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Го елиминира Наполи со вкупно 2:1. Францускиот напаѓач Оливие Жиру промаши пенал на реваншот, а потоа погоди за водство на „Росонерите“ кои под Везув одиграа 1:1.

Се изнервирав за промашениот пенал после толку долго време. Сепак, останав фокусиран во мечот и не дозволив да ме совлада нервозата. Знаев дека ќе имам друга шанса. Рафа направи се и јас бев спремен да поентиран. Покажавме тимски дух, сега одиме да ја освоиме Лигата на шампионите.

Во полуфиналето ќе има силни тимови, но ние имаме квалитет да се надигруваме со сите. Сега славиме, а потоа ќе мораме да бидеме смирени. Би било убаво дерби со Интер во полуфиналето на ЛШ. Сепак, миланскиот тим мора да внимава, мислам дека Бенфика се уште не го кажала последниот збор“, изјави Жиру.

ПретходноМилан меѓу четирите најдобри во Европа за првпат по 2007 година
СледноАнчелоти: Сега може да размислуваме за уште еден трофеј во Лигата на шампионите