ЛШ: Милан и Реал пред завршен чекор до полуфинале

144

Вечерва ќе ги дознаеме првите два тима кои ќе обезбедат пласман во последниот филтер пред големото финале во Лигата на шампионите. Милан ќе се обиде да стане првиот тим кој ќе го порази Наполи во три различни натпреварувања во една сезона по Лацио во 1994/95. Доколку го направат ова, ќе бидат сигурни дека ќе се пласираат во полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, каде што ќе се соочат или со Интер или со португалскиот гигант Бенфика.

Сите бројки се на страната на Милан, бидејќи ги добија последните три гостувања против Наполи, тие се последниот тим што ги совлада двапати на гостински терен во една натпреварувачка  и сега се на пат да го направат третиот и последен чекор до полуфиналето, откако веќе имаат предност од 1:0 по првиот меч.

Милан досега бел елиминирани двапати од нокаут-фазата на ЛШ и тоа по победа на првиот натпревар. Тоа се сличи во сезоната 2003/04 против Депортиво де Ла Коруња во четвртфиналето (прв натпревар 4-1, реванш 0-4) и 2012/13 против Барселона во осминафиналето (прв натпревар 2-0, реванш 0-4). Тоа е голема шанса на Наполи, покрај фактот шо ќе играат на домашен терен.

Денеска, Наполи ќе смета и на својот најдобар стрелец Виктор Осимен, кој го пропушти гостувањето на „Џузепе Меаца“ поради повреда. Навивачите на Наполи имаат големи очекувања и од Кварацхелија, кој исто така е способен да направи разликата. Лучијано Спалети ќе мора да се справи со отсуството на двајца клучни играчи – дефанзивецот Ким Мин-Јае и играчот од средниот ред Андре-Франк Замбо Ангиса, кои се суспендирани.

Стефано Пиоли најверојатно ќе ги изведе истите 11 од претходниот меч меѓу двата тима, откако на ремито (1-1) со Болоња не стартуваше ниту еден од играчите што се очекува да стартуваат вечерва.

МОЖНИ СОСТАВИ: 

НАПОЛИ: Мерет; Ди Лоренцо, Рахмани, Хесус, Руи; Ндомбеле, Лоботка, Жиелински; Лозано, Осимен, Кварацхелија

МИЛАН: Мањан; Калабрија, Кјаер, Томори, Ернандез; Круниќ, Тонали; Дијаз, Бенасер, Леао; Жиру

Носителот на трофејот Реал Мадрид му гостува на Челзи со предност од 2-0 и е голем фаворит за пласман понатаму. Барем на хартија, Челзи е аутсајдер и поради нивната неубедлива форма, откако загуби четири од последните пет натпревари во сите натпреварувања.

Сепак, Челзи не треба да се отпише бидејќи пред само една година во ова време, тимот беше на работ на сензационален пресврт. Тогаш двата тима повторно беа ривали во оваа фаза од ЛШ, а Реал во првиот меч на „Стемфорд Бриџ“ победи со 3:1. Во реваншот на „Бернабеу“, „сините“ победија со 3:0, со што ќе се пласираа во полуфиналето.

МОЖНИ СОСТАВИ:

ЧЕЛЗИ: Кепа; Џејмс, Фофана, Силва, Кукуреља; Фернандез, Канте, Ковачиќ; Мудрик, Хаверц, Феликс

РЕАЛ (М): Куртоа; Карвахал, Милитао, Алаба, Камавинга; Модриќ, Валверде, Крос; Родриго, Бензема, Винисиус

ПретходноНема спиење: Навивачите на Наполи цела ноќ беа пред хотелот на Милан (ВИДЕО)
СледноСергеј Ребров ќе ја предводи Украина против Македонија во Скопје