Ахмад Магомедов освои бронзен медал за Македонија на Европското првенство за сениори што се одржува во Загреб, Хрватска. Магомедов во борбата за бронзата го совлада Ерменецот Арман Авагјан со 7-4.
Инаку ова е првиот медал за Македонија на ЕП во Загреб.
Претходно Магомедов ги совлада Новац од Молдавија, па загуби од Кугиумцидис од Грција, па победи во репасажот против Габриел Рамос од Шпанија.