Милан меѓу четирите најдобри во Европа за првпат по 2007 година

272

Милан се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите откако во реваншот со Наполи одигра 1:1. Благодарение на победата со 1:0 на „Сан Сиро“ Милан ќе игра во полуфиналето на елитното европско клупско натпреварување за првпат по 2007 година.

Инаку мечот го одбележаа два гола и два промашени пенали. Во 22 минута Марио Руи стартуваше врз Леао, а судијата Марчињак покажа на белата точка.
Жиру го изведе меѓутоа Мерет одбрани. Во 36 минута протест на играчите на Наполи кои реагираа по пад на Лозано во противничкиот шеснаесетник. Судијата искористи ВАР снимка и остана на своето дека нема пенал за Наполи.
Во 43 минута „Росонерите“ поведоа со голот на Жиру, а на асистенција на Леао после негов неверојатен трк од педесеттина метри (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ).

Само што почна второто полувреме Квича Кваратшкелија промаши добра шанса, претходно Наполи имаше уште неколку добри удари на гол кои не ги реши во своја корист.

Во 80 минута Томори игра со рака во својот шеснаесетник, судијата покажа пенал за Наполи. Кваратшкелија го изведе, но Мањан го одбрани ударот.
Во 93 минута повратникот Осимен ја затресе мрежата но само за 1:1 и избегнување на пораз на овој меч (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ). Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во 63 минута на местото на Ндомбеле.

Претходно„Кралска фешта“ на „Стемфорд Бриџ“ за пласман во полуфиналето на ЛШ (видео)
СледноЖиру: Го сакам Интер во полуфиналето на ЛШ