Милер: Ако водиме со 2:0 до 80-тата минута, имаме шанси!

384

Една од легендите на Баерн (М), играчот од средниот ред, Томас Милер, верува дека имаат сили и шанси за елиминација на Манчестер Сити во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар заврши со победа на Англичаните од 3:0.

„Веруваме дека се уште имаме шанси. Треба да почнеме добро – можеби ќе водиме со 1-0 на паузата. Не треба да имаме 3-0 за 10 минути, но треба да постигнеме гол и да продолжиме да ја градиме играта за победа. Ако постигнеме втор гол и во 80-тата, ќе имаме уште 15 минути. Верувам дека се е можно и се зависи од нас“, изјави Милер, пред утрешниот реванш на „Алијанц Арена“.

ПретходноПристигна во Трабзон: Екс-тренерот на Адеми ќе му биде нов тренeр на Барди
СледноНа 1 мај кошаркарите ќе ги добијат ривалите во претквалификациите за ЛОИ 2024