Модриќ го направил клучниот потег за да остане во Мадрид!

5918

Лука Модриќ наскоро би требало да потпише продолжување на договорот со Реал и да остане во клубот уште една сезона. Истото важи и за Тони Крос, германскиот играч за врска и негов долгогодишен партнер во средниот ред. „The Athletic“ наведува момент, кој е опишан како пресвртница во одлуката на клубот да го задржи 37-годишниот Хрват.

„Преговорите со Модриќ не се во толку напредна фаза, но неколку извори за Атлетик изјавија дека се очекува тој да потпише продолжување на договорот што ќе го задржи во клубот и по оваа сезона“, истакнуваат од Атлетик.

Повикувајќи се на извор од клубот, тој го открива моментот кога одлуката за продолжување на договорот или заминување отишла на страната на Модриќ.

„Изворот од клубот истакна важен момент во процесот: средбата меѓу Хрватот и претседателот на Флорентино Перез, која се одржал пред реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот против Барселона на 5 април.

Перез, кој има одлични односи со Модриќ, го ценел фактот што Модриќ сакал средба и реагирал позитивно, особено што некои медиуми го поврзуваат играчот со профитабилна понуда од Саудиска Арабија. Според извори запознаени со ситуацијата, Модриќ има богата понуда и од Катар.

Атлетик пренесува дека Перез потоа му се заблагодарил на Модриќ и му рекол дека клубот сака да го задржи. Оттогаш, настапите на Модриќ на теренот само дополнително ја подобрија неговата позиција“, се заклучува во текстот.

ПретходноИсториски успех за македонскиот велосипедизам: Петрова освои подиум во Хрватска и завери билет на Светскиот Gran Fondo шампионат!
СледноГрин го нагази Сабонис на градите, па даде објаснување (ВИДЕО)