НБА објави кој е најдобар одбранбен играч во сезоната!

186

НБА-лига започна со објавување на добитниците на индивидуалните награди за сезоната 2022/23 и го прогласи крилниот центар на Мемфис Гризлис, Џерен Џексон Јуниор за најдобар одбранбен играч. Второто место во изборот му припадна на центарот на Милвоки Бакс, Брук Лопез, а на третото крилниот центар на Кливленд Кавалирс, Еван Мобли.

Џексон минатата сезона беше петти во изборот, но годинава доби 56 од можни 100 гласови за прво место и вкупно 391 поен.

ПретходноКадетите на тест во Хрватска, Стојановиќ го објави списокот
СледноИнцидентот на тренингот на Интер…. Онана и Броз за малку во „клинч“ (ВИДЕО)