Голем број навивачи на Наполи организираа бурна ноќ пред хотелот во кој е сместен тимот на Милан, очигледно во обид да го нарушат одморот на нивните ривали пред денешниот реванш четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите во Неапол.
Домашните навивачи скандираа, свиреа со сирените на автомобилите и запалија огномет самоз а да не им дозволат на противниците мирно да спијат.
Според информациите, симпатизерите на Наполи биле пред хотелот „Везувио“ на брегот, каде што престојува тимот на Милан. Навивачите правеа врева до 3:30 часот по полноќ, а подоцна се вратле и околу 4:45 часот наутро.
Наводно, имало околу 150-200 навивачи на Наполи. „Газета дело спорт“ информира дека навивачите на Наполи скандирале непристојни пораки за Паоло Малдини, Рафаел Леао, Тео Ернандез и Оливие Жиру.
🇮🇹🎇 In the early hours of the morning, Napoli fans were outside the Milan hotel with fireworks, chants & car horns. Huge game tonight in the UCL! pic.twitter.com/tOG6tQkVLN
— EuroFoot (@eurofootcom) April 18, 2023