Турскиот фудбалер Месут Озил стави крај на фудбалската кариера и како што стојат работите нема да продолжи во фудбалот, како тренер, менаџер или слично, туку ќе „заплива“ во други води.
Поранешниот играч на Арсенал и Реал Мадрид кој се откажа од фудбалот на 34 години планира да почне кариера во политика во Турција, пренесуваат турските медиуми. Тој веќе добил статус на кандидат за локалниот парламент од владејачката политичка сила „Партија на правдата и развојот“, чиј лидер е актуелниот претседател на државата Реџеп Ердоган.
Треба да се напомене дека Озил и Ердоган имаат одлична соработка години наназад. Да потсетиме дека претседателот на Турција и неговата сопруга беа гости на свадбата на Месут во 2019 година.
Ќе потсетиме и дека токму по заедничката фотографија со Ердоган пред Мундијалот 2018 година, која предизвика бурни критики кон фудбалерот, Озил реши да ја напушти германската репрезентација и да стави крај на репрезентативната кариера.