Бидејќи останаа само уште две рунди до големото финале на Лигата на шампионите на УЕФА во Истанбул на 10 јуни, најважното фудбалско тело во Европа, УЕФА презема мерки во случај на нарушувања на редот по парламентарните избори што Турција ќе ги одржи на 14 мај.
Финалето треба да се одигра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, но според пишувањата на странските медиуми, УЕФА е подготвена веднаш да го смени стадионот во случај во Турција да има немири по парламентарните избори и да не биде сигурно доаѓањето на бројни навивачи од странство.