Утре тимот на Баерн Минхен има пред себе речиси невозможна задача, а тоа е да ги анулира оние 3:0 од првиот дуел против тимот на Манчестер Сити во рамките од елиминационата фаза на Лигата на Шампионите.
На баварците им треба чудо, за кое сите знаеме дека биле способни во минатото, а во тоа ќе проба да им помогне и рековалесцентот Ерик Чупо Мотинг кој се врати од повредата на денешниот тренинг, а тоа автоматски значи дека ќе биде и во конкуренција.
Тука е и Садио Мане, во моментов најјозборуваниот играч на Баерн кој ја одлежа суспензијата од еден меч кој клубот му ја додели за удирањето на Лирој Сане по поразот од Сити.
Choupo-Moting fully training with the team ahead of tomorrow's game [🎥 @footballdaily]pic.twitter.com/N9qvo3lAVQ
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) April 18, 2023