Стартни состави: Лампард го „измеша“ составот, Анчелоти со проверена варијанта

143

Челзи има тешка задача на реваншот од четвртфиналето на ЛШ против Реал Мадрид. „Сините“ беа поразени со 2:0 на првиот меч, па сега на „Стемфорд Бриџ“ ќе мора да атакуваат на висока победа.
Френк Лампард реши да направи неколку рокади во првиот тим, па така од комбинација отпаднаа Кулибали, Феликс, Чилвел и Стерлинг па шанса добија Чалоба, Галахер, Кукуреља, Хаверц и Канте.
Реал оди со проверена варијанта, во нападот го има триото Винисиус, Бензема и Родриго.

ПретходноСтартни состави: Елмас на клупа, Наполи со Осимен во нападот
СледноВоска не сака гостински навивачи, не им дозволи на „Комити“ влез на стадионот