Мечот од ВМФЛ меѓу Воска Спорт и Вардар ќе се одигра во недела меѓутоа пред празни трибини. Првично од Воска забранија присуство на гостински навивачи со што не им дозволија на „Комитите“ да дојдат на стадионот „Билјанини извори“.
Навивачите на Вардар најавија дека, сепак, ќе дојдат во Охрид за да го бодрат својот тим. Вечерва Воска излезе со соопштение дека нема да има ниту домашни ниту гостински навивачи.
„Ги известуваме сите љубители на фудбалот, особено оние на ФК Воска Спорт дека натпреварот од 25. коло, в недела против Вардар ќе се одигра без присуство на публика. Ваквата одлука е донесена од безбедносни причини, а нашата градска полиција овој натпревар го прогласи од висок ризик.
Да не го ризикуваме здравјето на секој гледач, како екипа решивме натпреварот да го играме без навивачи.
На натпреварот кој ќе се одржи на стадионот „Билјанини Извори“ од двете екипи ќе бидат присутни само по 10 лица.
Како ФК Воска Спорт ќе ги преземеме сите безбедносни мерки за одигрување на овој меч, кој се надеваме дека ќе помине во рамките на фер-плејот“.