Провокација или завист: Бугарите честитале “Велигден“ со фото од Арената во Скопје! (ФОТО)

1424

Невидена провокација или завист зошто Македонија има а тие Бугарите, поточно Бугарија нема.

Секако дека станува збор за фудбал, за Арената “Тодор Проески“ во Скопје. А за тоа дека лани победиле во Скопје и тоа среќно, и тоа еднаш во “сто години“ нека им е, ионака во квалификациите за ЕВРО 2024 се катастрофа, а ние стартувавме со победа и три бода.

Денеска бугарскиот портал „Sportlive“ пишува за голем, невиден кикс на администраторот на ФБ страна на репрезентацијата на Бугарија.

Имено на официјалниот ФБ профил, стои дека репрезентацијата на Бугарија го честита Велигден со пораката – Христос Воскресе“, но во позадина на пораката се гледале трибините на Арената во Скопје.

Се разбира дека ова е кикс, секако дека ќе се сложиме со колегите од Бугарија, но искрени да бидеме оваа фотографија, иако наиде на големи критики во тамошната јавност, наликува на Арената, но не ќе е баш таа.

No description available.

May be an image of football

 

ПретходноГолем проблем за Вориорс, ѕвездата на шампионот заработи суспензија!
СледноСудиска анализа: Брегалница тешко оштетена во Кратово, поништен чист гол!