Баерн немоќен против „Граѓаните“ – Четата на Пеп меѓу четирите најдобри во Европа

271

Манчестер Сити е единствената англиска екипа која сезонава ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Граѓаните“ кои по петти пат влегуваат во друштво на најдобрите четири екипи во Европа, го ифрлија Баерн после вкупно 4:1, победа дома со 3:0 и вечерва реми 1:1 на „Алијанц арената“.

На реваншот четата на Пеп Гвардиола беше блиску до победа над баварскиот гигант кој на клупата од неодамна го има Томас Тухел но во финишот прими гол од пенал па мечот заврши без победник.
„Граѓаните“ можеа да поведат во првото полувреме меѓутоа Халанд од пенал го префрли голот. Тоа е негов прв промашен пенал после 16 успешно изведени удари од белата точка.

Сепак, тоа не го разочара Норвежанецот затоа што се „извади“ со гол во второто полувреме (ГОЛОТ НА ХАЛАНД НА ОВОЈ ЛИНК). Во 56 минута Коман се најде во одлична шанса, меѓутоа неговиот шут од косо го одбрани Едерсон, па потоа се разви контра напад на гостинската екипа, Де Брујне додаде до Халанд во нападот, а овој го помина Упамекано и го совлада Зомер.
Во 81 минута по игра со рака на дефанзивецот Аканџи, судијата Клемен Турпин покажа пенал за Баерн. Џошуа Кимих погоди за изедначување (ГОЛОТ НА КИМИХ НА ОВОЈ ЛИНК).

И тоа беше тоа. Резултат 1:1 кој го однесе Сити во полуфиналето.

ПретходноИнтер ја елиминира Бенфика и по 13 години влезе во полуфинале на ЛШ
СледноТухел по новото разочарување: Штета, немавме среќа!