Баскет Кам и Бадел 1862 поведоа во полуфиналето!

51

Баскет Кам и Бадел 1862 дојдоа до почетна предност во полуфиналето на плеј-офот. Тимот од Македонска Каменица имаше полесна задача, го совлада МЗТ Скопје со убедливи 84-66.

Кошаркарките на Баскет Кам мечот го решија во првото полувреме поведоа со 43-32 и тука направија важен чекор кон триумфот. Тасевска имаше 25 поени, додека Димова запиша 19 поени кај победникот. Кај поразениот состав Симонс со 22 поени беше најдобра.

На втората полуфинална средба Бадел 1862 потешко од очекувањата одигра против Струга, дуел кој го доби со 63-62.  До победата домашниот тим дојде благодарение на добрата игра во второто полувреме. Претходно гостинките првата четвртина ја отворија со 11-16, додека на одморот водеа со 24-31. Падот во третиот период максимално го искористија баделки, приредија целосен пресврт за прва победа во полуфиналето.

Маркоска даде 20. поени (имаше и шест скока), а Матие уште 14 (плус и десет скока и пет додавања), колку што имаше и Лазареска во екипата на Бадел 1862. Кај Струга 2009, Американката Сафија Ли беше стрелец на 27 поени.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ – ПРВИ НАТПРЕВАРИ

Баскет Кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром  84:66 (1-0)

Бадел 1862 – Струга 2009        63:61 (1-0)

ПретходноЛШ СОСТАВИ: Чупо Мотинг во нападот на Баерн, Инзаги со ист состав и на реваншот
СледноЖељко Обрадовиќ: Не ми паѓа на памет да си одам од Партизан!