Бензема целосно ги загуби нервите по одлуката на Анчелоти!

7363

Реал Мадрид без мака се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако на два натпревари оствари две победи без примен гол. Иако минатата година постигна хет-трик на Стемфорд Бриџ, Карим Бензема синоќа беше речиси невидлив.

Екипата на Реал синоќа победи со 2:0 на гостувањето во Лондон, а Бензема беше еден од најлошо оценетите играчи на тимот од Мадрид.

Во 71. минута Анчелоти реши да го извади Бензема од игра со водство од 1:0, а наместо него во игра влезе Чуамени. Овој потег ги изненади сите, со оглед на тоа што Бензема е напаѓач, а Чуамени е играч од средниот ред, но и го налути Французинот.

Бензема многу налутено погледна кон Анчелоти, па му ја подаде капитенската лента на Лука Модриќ и ја напушти играта.

Потоа, капитенот на Реал Мадрид му пријде на Анчелоти и продолжи да се жали, незадоволен што мораше да ја напушти играта.

Анчелоти по натпреварот објасни дека Бензема имал удар и тоа е единствената причина поради која го заменил.

 

ПретходноБарса му испрати понуда на Меси, „Мундо Депортиво“ откри детали!
СледноБезобразниот Роналдо: Цел стадион му скандираше – Меси, Меси,…а тој се фати за меѓуножјето! (ВИДЕО)