Голден Арт го доби дербито со Куманово,  Јуниор К.В лесно во Радовиш!

85

Голден Арт дојде до седмата победа во плеј-аут лигата, откако го совлада Куманово со 28-26 во рамките на десетото коло. Домашниот состав имаше контрола на резултатот во првото полувреме, водеше со три гола разлика 15-12, но по одморот гостите најдоа начин како да се вратат. Со серија од 5-1 поведоа со 19-20, потоа и со 20-22. Голден Арт врати со 4-0 и дојде на 23-22, но отпорот целосно го скрши пред самиот крај, обезбеди водство од четири гола (27-23) кое беше доволно за мирен финиш.

Милошески и Гошевски беа стрелци на пет гола, на другата страна Ѓурашковиќ имаше осум погодоци.

Во последната средба од ова коло во плеј-аут лигата, Јуниор К.В не виде мака на гости кај Радовиш славеше со 22-32, мечот го реши во првото полувреме кое го доби со 9-16. До крајот гостите рутински го приведоа дуелот во своја корист.

Петровски постигна седум гола, еден помалку имаше Андревски. Кај домаќинот, Трајчевски имаше пет погодоци.

ПретходноТоа е традиција: На денешен ден пред 135 години основана е првата фудбалска лига во светот!
СледноЛШ СОСТАВИ: Чупо Мотинг во нападот на Баерн, Инзаги со ист состав и на реваншот