Голем проблем за Вориорс, ѕвездата на шампионот заработи суспензија!

275

Актуелниот шампион во НБА, Голден Стејт Вориорс се наоѓа во незавидна позиција откако нивниот стартер, Дрејмонд Грин e суспендиран на еден натпревар поради исклучувачката што ја заработи на крајот од втората средба против Сакраменто Кингс.

При резултат 93:89 за кралевите, на седум минути пред крајот, еден од најдобрите играчи на домашниот тим Сабонис падна во толпата под кошот на Вориорс, а потоа додека се обидуваше да стане, Грин непримерно и го нагазна на градите. Објаснувањето дека бил фатен за зглобот, но тоа не помина неказнето.

По прегледувањето на снимката Грин беше исклучен, а Сабонис доби техничка грешка. Во останатиот дел од натпреварот, Сакраменто победи со 114:106 и поведе со 2:0 во серијата од четири победи.

ПретходноБезобразниот Роналдо: Цел стадион му скандираше – Меси, Меси,…а тој се фати за меѓуножјето! (ВИДЕО)
СледноПровокација или завист: Бугарите честитале “Велигден“ со фото од Арената во Скопје! (ФОТО)