Изненадувачка вест доаѓа од Гостивар. Имено клубот кој во саботата одигра со Вардар 0:0, и има одлични шанси да се врати во ПМФЛ, остана без тренер. Имено Октај Дерелиоглу, досегашниот стратег од Турција, си поднел неотповиклива оставка и си заминал од Гостивар.
Како што се шпекулира во јавноста, Дерелиоглу и раководството на клубот имале големи несогласувања. Веројатно тоа можеше и да се насети уште за време на мега – дербито со Вардар, кога тимот го водеше неговиот помошник Топчиу.
Инаку до крајот на сезоната, Гостивар ќе го водат досегашните соработници на Дерелиоглу, Мурат Дабан и Рамис Газелци.