Едно место за Македонија во ЛШ, но и тоа „виси“ ако Вардар биде шампион

8412

Македонија и следната сезона ќе има еден сигурен учесник во Лигата на шампионите во ракомет. Според потврдените рејтинг листи на ЕХФ, во машка конкуренција ќе имаме еден преставник, но прашање е доколу Вардар биде шампион дали ќе добие право за настап, поради се уште нерасчистените долгови.

ЕХФ нема пракса да го даде местото на друг тим, во случајов тоа да биде Пелистер. Туку ќе се случи реприза од оваа сезона, Македонија нема да има клуб во Лигата на шампиони.

Добро е познато дека после следната сезона, како земја немаме да имаме загарантирано место во ова натпреварување, истото може да се добие по пат на вајлд-карта, но и тука е сложено.

Во машка конкуренција ќе добиеме и две места во ЕХФ Европската лига, а исто така е планирано и едно место за наш тим кој ќе се натпреварува во третото по ранг натпреварување – ЕХФ Европскиот куп, во кое одамна не сме имале тим.

Во женска конкуренција нема место за Македонија во Лигата на шампионите. Дамите ќе мора да се задоволат со едно место во ЕХФ Европската лига, како и 3 места за ЕХФ Европскиот куп.

ПретходноКристал Палас го моли 75-годишниот Хоџсон да ги води и следната сезона
СледноЛШ: Мисија „невозможна“ за Баерн (М) и Бенфика