Зборови на Жељко Обрадовиќ кој ги фрли во транс сите фанови на Партизан. Имено тој во едно интервју за еден грчки медиум, на прашањето дали ќе се враќа во Грција и дали повторно ќе го преземе Панатинаикос, најтрофејниот кошаркарски тренер во Европа, со девет пехари во Еврологигата, истакна дека нема намера сега да си оди од Партизан.
„Не ми паѓа на памет сега да си одам од Партизан. Ова ми е втора сезона во мојот клуб, а имам намера да го одработам целиот договор. Сега во мојот фокус е само Партизан“ изјави покрај другото тренерот со кој Партизан сезонава против Реал Мадрид ќе се бори за влез во Ф4 во Евролигата, тим кој со Обрадовиќ на клупата се просто хит сезонава во кошаркарска Европа.