Убедливата победа од 3:0 за фудбалерите на Манчестер Сити на првиот четвртфинален меч со Баерн (М) пред една недела, остава само минимални шанси за германскиот шампион пред вечерната втора пресметка меѓу овие два тима на патот до полуфиналето на Лигата на шампионите. Пеп Гвардиола ги натера навивачите на Манчестер Сити уште еднаш да сонуваат за европски успех, откако успеа да им донесе голема предност на првиот меч со Баерн кој важеше за еден од најголемите фаворити за освојување на трофејот и оваа сезона.
Сити оваа сезона не е поразен на гостински натпревари во Лигата на шампионите (1-1-3). Кога станува збор за дуели со германски екипи во Лигата на шампионите на УЕФА, Сити загуби само еден од последните 20 такви натпревари на кои имаше 16 победи и три нерешени пресметки. „Граѓаните„ се непобедени на девет натпревари против противници од Бундеслигата во нокаут-фазата што само по себе не им дава многу надежи на Баварците.
Томас Тухел веќе потврди дека Садио Мане ќе се врати во составот на Баерн за мечот со Сити откако беше казнет и изоставен од составот за пресметката со Хофенхајм. Ерик Максим Чупо-Мотинг, кој има 17 гола од почетокот на сезоната, се врати на тренинзите.
Фил Фоден, кој ги пропушти последните неколку натпревари на тимот додека се опоравуваше од операцијата на слепото црево, исто така продолжи со тренинзи вчера и беше вклучен во тимот на Манчестер Сити. Тоа значи дека Хосеп Гвардиола ќе може да се потпре апсолутно на комплетниот тим.
МОЖНИ СОСТАВИ:
БАЕРН (М): Зомер; Павард, Упамекано, Де Лихт, Дејвис; Кимих, Горецка; Сане, Мусиала, Коман; Чупо-Мотинг
МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон; Аканџи, Диас, Аке; Стоунс, Родри; Силва, Гундоган, Де Бруин, Грилиш; Халанд
Интер ја пречекува Бенфика со предност од 2:0 по првиот дуел во Лисабон. Интер ќе се обиде да ја потврди предноста и да стигне до посакуваното полуфинале на турнирот, место каде не биле од далечната 2010 година кога ј освоија тројната круна под водство на Жозе Мурињо.
Формата на Интер во Серија „А“ е очајна. Тимот на последните 5 натпревари во првенството има дури четири порази. Тука веројатно шансата ја гледа Бенфика, која одигра лошо на првиот меч пред седум дена и сега мора да ја поправа ситуацијата на гости. Тренерот Роџер Шмит нема да може да смета на повредените Јулијан Дракслер и Александар Ба.
МОЖНИ СОСТАВИ:
ИНТЕР: Онана; Дармијан, Ачерби, Бастони; Дамфрис, Барела, Мхитарјан, Брозовиќ, Димарко; Џеко, Мартинез
БЕНФИКА: Влаходимос; Жилберт, А. Силва, Отаменди, Грималдо; Флорентино, Орснес; Нерес, Р. Силва, Марио; Рамос