Игор Ангеловски со пораз ја стартуваше својата приказна во Казахстан. На првиот меч како тренер на Каспиј на домашен терен беше совладан од Туран во првиот осминафинален натпреварот во рамките на тамошниот Куп.
Гостите рано поведоа на оваа средба, во 16. минута преку Диало. На другата страна поранешниот македонски селектор и неговите момци не успеаја да дојдат барем до израмнување.
Сепак, ова е прва средба, па Мрме со неговиот Каспиј ќе има шанса за реванш и можеби пласман во четвртфиналето.