Кристал Палас го моли 75-годишниот Хоџсон да ги води и следната сезона

236

Британски „Телеграф“ пишува дека Кристал Палас и следната сезона ќе го задржи Рој Хоџсон за да може да му помогне на следниот тренер на клубот успешно да ја почне новата сезона.

75-годишниот Рој Хоџсон се врати како менаџер во Палас откако беше назначен за привремен менаџер на крајот на март. Оттогаш, под негово водство тимот нанижа три победи во три натпревари.

Наводно тоа го натера Кристал Палас да бара од Хоџсон да остане во клубот и следната сезона, особено во текот на летото за да го подготви тимот за новата сезона.

Доколку Палас добие помлад тренер, Хоџсон треба да му биде ментор.

ПретходноВардар со реакција: Фудбалот се игра за навивачите!
СледноЕдно место за Македонија во ЛШ, но и тоа „виси“ ако Вардар биде шампион