Новак славеше против непознатиот француски тинејџер, па на пресот си се нарече – дедо!

729

Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во третото коло на турнирот во Бања Лука, и тоа многу потешко од очекувањата, и тоа против тоталниот анонимус од Франција Лука Ван Аш (18) со 2:1 во сетови.

Непознатиот француски тинејџер го доби првиот сет, но потоа Новак се разигра и успеа да ги добие вториот и третиот сет за конечни 2:1.

По мечот на прес – конференцијата, Новак покрај другото симпатично го пофали својот противник кој е двојно помлад од него:

Не бев на своето ниво, му честитам на големата борба и му благодарам што му пушти на еден дедо како мене да победи“ посочи Ѓоковиќ.

ПретходноОфицијално: Жиру уште една година во Милан! (ФОТО)
СледноТоа е традиција: На денешен ден пред 135 години основана е првата фудбалска лига во светот!