И овој викенд, како минатиот, сите натпревари од 28. коло во ПМФЛ и 25.коло во ВМФЛ се играат во ист ден, и тоа во недела (23 април).
Причина е празникот Рамазан бајрам кои го празнуваат нашите сограѓани од исламска вероисповест во петок, па затоа Комисијата за натпревар одлучи сите мечеви од прва и втора лига да се играат на 23 април (недела).
Сепак во сабота, поради ТВ преносот, ќе има фудбал, и тоа прволигашки и тоа дерби дуел. Се игра во Штип а се среќаваат Брегалница и Шкендија и тоа со почеток од 16 часот.
На останатите мечеви од 28.коло во ПМФЛ кои се играат во недела, се среќаваат Силекс – Македонија ЃП, Тиквеш – Шкупи, Победа – Работнички, Скопје – А.Пандев.
Во ова коло слободна е екипата на Струга ТЛ.
Во недела се играат и мечевите од ВМФЛ, исто така со почеток од 16 часот, а во преден план е големото дерби меѓу Воска и Вардар, а на останатите средби се среќаваат Беласица – Пелистер, Слога (В) – Тетекс, Гостивар – Кожув, Беса – Арсими, Саса – Охрид, Пехчево – Детонит, Карорман – Борец.