Ал-Наср на Кристијано Роналдо загуби од Ал-Хилал со 2:0, а Португалецот за малку ќе го задавеше противничкиот фудбалер за време на натпреварот.
30-годишниот Колумбиец Густаво Куелар, најнедисциплинираниот играч во првенството на С. Арабија со осум жолт и црвени картони, за малку ќе настрадаше од Роналдо.
Се чини дека оваа епизода ги сумира фрустрациите на Роналдо во последниот месец. Работите за Ал Наср на табелата се влошуваат. Тимот на Португалецот веќе заостанува три бода зад лидерот Ал-Итихад, но сега ривалот има и натпревар помалку.