Спалети се жали на судијата: Не ни досуди чист пенал врз Лозано

395

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети му честиташе на Милан за пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, но вели дека Наполи загуби само поради неискуството од ваквите големи натпреварувања.

„Не требаше да го примиме тој гол. Игравме одлично, имавме целосен посед на топката. Милан постигна гол по единственото вистинско влегување во шеснаесетникот, ние не можевме да го сториме истото. Мислам дека имаше пенал врз Лозано. Имаше директен удар во скочниот зглоб, тоа многу јасно се гледа на снимките. Тоа беше чист пенал. Тоа не е контакт, тоа беше удар. Сега повторно ќе речат дека се жалиме, но тоа е вистината“, вели тренерот на наполитанците.

ПретходноБостон поведе со 2:0, Феникс и Кливленд ја израмнија серијата
СледноРоналдо откачи, за малку ќе го задавеше противничкиот фудбалер (ВИДЕО)